Добредојдовте во steelconcept и Ви благодариме што нѐ посетивте!

За што се залага steelconcept

Името е програма: челик, концептот – интернационален.

Челикот отсекогаш бил појдовна точка на нашите проекти. Тој е разновиден, солиден, ефикасен и естетски. Овие карактеристики ги отсликуваат важните вредности на компанијата, кои steelconcept ги застапува, а на кои ние се огледуваме. Ова трае веќе 15 години и така и ќе продолжи.

Зборот „концепт“ потекнува од латинскиот concipere. Значењето е комплексно: препознавање, разбирање, примање, осмислување. Оттука и нашето разбирање за дијалог со клиентите, колегите, партнерите и општеството.

А, зошто на англиски? Ние произведуваме во Германија и многу проекти реализираме во Саксонија. Но, многу често сме со нашите клиенти и надвор од земјата. Либерални, токму како луѓето со различна културолошка позадина, со кои се среќаваме на нашите простори.

Да заклучиме: steelconcept не е етикета, туку содржина. Барањето кое си го поставуваме себеси гласи: тоа што го гледаш, тоа и го добиваш.

Основни податоци:

  • Компанија водена од сопственикот, основана во 2001 година во Хемниц, со влог на сопствен капитал од над 50%.
  • Челични конструкции во проекти од архитектурата и индустријата, со 7 до 8 милиони евра обрт вкл. 15% меѓународно учество
  • 30 вработени во Хемниц, од кои 15 лица сопствено обучени во производство и проектантско биро во Ројт/Оберфалц.
  • Сертифицирано производство на површина од 2.500 m² според DIN EN 1090-стандарди, преработка на околу 2000 тони градежен челик годишно.
  • Производствен погон со 20 вработени во подружницата во Западна Украина, подружница во Македонија.

Со задоволство ја очекуваме Вашата средба со нас. Jens Dietrich е нашето контакт-лице на Вашиот мајчин јазик. Како можеме да Ви помогнеме?

Ве молиме имајте разбирање што останатите страници од нашиот интернет- прелистувач се достапни само на англиски и германски јазик. Но сепак вреди, бидејќи сликите зборуваат сами за себе

контакт

Jens Dietrich
dietrich@steelartua.com
fon +389 2 322 88 24
fax +389 2 329 67 90
mobil +49 (0) 172 – 462 70 13

Адреса

steelconcept GmbH
Podruznica Skopje
Blvd. St. Kliment Ohridski 30
P.O. Box 463
MK-1001 Skopje
fon + 389 2 322 88 24
fax + 389 2 329 67 90
dietrich@steelartua.com
www.steelconceptMK.de